Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Звукот на девојчето не можам да го заборавам“: Активистка сведочи за тепањето на Ивана пред детето

„Звукот на девојчето не можам да го заборавам“: Активистка сведочи за тепањето на Ивана пред детето

На 19 декември 2025 година, Стојанче Јовановски, кој сега е осомничен за наведување на Ивана на самоубиство, ја нападнал во парк во скопската населба Ѓорче Петров, пред очите на нивното малолетно дете. За настанот сведочи активистката против семејно насилство Ивана Белчева, која за „Слободен печат“ опиша дека детето било преплашено и постојано викало по својата мајка.

Според Белчева, токму плачот на девојчето ја натерал да се врати во паркот заедно со друга жена.

  • Проблемот беше што малото девојче многу викаше. Тој звук до ден-денес не можам да го заборавам. Како што се приближивме, мажот ја удри жената. Девојчето почна да вика по мајка ѝ. Го земав во прегратка, го гушкав и му кажував дека сè ќе биде во ред. Никој не го забележуваше детето, а тоа постојано се тресеше – изјавила Белчева за „Слободен печат“.

Таа вели дека по нејзината пријава очекувала социјалните служби веднаш да реагираат, но, според неа, Центарот за социјални работи бил известен дури по 45 дена.

  • Се надевав дека истиот ден ќе има социјален работник кај нив дома, бидејќи детето не може да живее во таква средина. Ако такво насилство се случува на улица, замислете што се случува дома – вели Белчева.

Активистката предупредува дека системот сè уште не успева навреме да препознае ниту психолошко ниту физичко насилство во семејството, а децата остануваат без соодветна заштита.

Таа апелира на поголема едукација, присуство на психолози во полициските станици и подобра заштита на децата, бидејќи, како што посочува, ваквите ситуации создаваат долгорочна траума и го продлабочуваат кругот на насилство.

  • Фото: Принтскрин/Видео/Слободен печат

    Слично

    Поврзани вести