ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гостиварци не смеат да ја пијат водата од чешма, дозволена е само за техничка употреба
ГОСТИВАРЦИ И НАТАМУ НЕ СМЕАТ ДА ЈА ПИЈАТ ВОДАТА ОД ЧЕШМА
Конечно, водата во Гостивар е исчистена од фекално загадување и сега може да се користи како техничка вода, но не и за пиење и подготовка на храна. Ова го соопшти Управувачкиот комитет за управување со кризи. Емилија Аневска од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје изјави дека земени се шест примероци од потрошувачи во Гостивар и дека три последователни дена не биле евидентирани колиформни бактерии. Сепак, мониторингот ќе продолжи сè додека не се потврди дека водата е безбедна и за пиење.
ПАРНОТО ПОСКАПУВА
Регулаторната комисија за енергетика објави дека од 1 август цената на топлинската енергија за загревање на скопјани ќе се зголеми во просек за 5,96 проценти за домаќинствата што се снабдуваат преку системот на ЕСМ Снабдување.
Со новата одлука, просечната месечна сметка за парно ќе се зголеми за околу 140 денари, односно од 2.353 на 2.493 денари.
Парно греењето оваа година еднаш веќе поскапе. Од 1 јануар цената се зголеми за околу 5 отсто под изговор дека ќе се инвестира во мрежата.ОСУДИ ЗА ВАНДАЛИЗИРАЊЕТО НА КУД„СРПСКИ ВЕЗ“ ВО КУМАНОВО
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски го осуди вандализирањето на просториите на КУД „Српски вез“ во градот.
Тој побара од надлежните истражни органи брзо да реагираат, да го утврдат идентитетот на сторителите и соодветно да ги санкционираат. Димитриевски вели дека Куманово останува град препознатлив по својата мултикултура и соживот.
„Најостро го осудувам вандализирањето на просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово! Барам од органите на истрагата да го утврдат идентитетот на сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата“, изјави Димитриевски.КОЊАНИЦИТЕ ТРГНАА КОН КРУШЕВО
Тргнаа 35 коњаници кон Крушево во чест на хероите од Илинден.
Вкупно 35 коњаници од Горно Лисиче вечерва го почнаа својот пат кон Крушево во рамки на 48-от Традиционален Илинденски коњички марш.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, преку социјалните мрежи истакна дека Илинден претставува завет за зачувување на споменот за комитите и војводите.МАКЕДОНКАТА КОЈА ПРЕГАЗИ КУЧЕ ВО ЦРНА ГОРА ДОБИ ПРИТВОР
Македонката која прегази куче и се обиде да избега од Црна Гора доби 30 дена притвор.
Основниот суд во црногорскиот град Улцињ ѝ определи 30-дневен притвор на 46-годишната македонска државјанка Сашка Стојановска, осомничена за кривичното дело „убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште“.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
foto Gemini
