Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЗА 250 ЕВРА ГОСТИВАР ЌЕ ИМАШЕ ЧИСТА ВОДА ПОД ПРИТИСОК“: Пановски за швајцарскиот грант од 7 милиони евра и неговата блокада

„ЗА 250 ЕВРА ГОСТИВАР ЌЕ ИМАШЕ ЧИСТА ВОДА ПОД ПРИТИСОК“: Пановски за швајцарскиот грант од 7 милиони евра и неговата блокада

Докторот Никола Пановски со остра реакција на информацијата дека блокиран  е швајцарски грант од седум милиони евра во Гостивар, заради долг на ЈП Комуналец Гостивар кон ЈП Патишта.

„Секој ден си велам ова е дното, не може полошо, ама оптмистот ми вели може. И во право е. Ова нема врска со власта, ама има со сите власти, ниту има врска со мојата струка. Денес на вести: ЈП Комуналец Гостивар изјавува -швајцарскиот грант од седум милиони евра е блокиран затоа што ЈП Патишта (централна власт) не ни издало се уште, а минаа 2 години, одобрение за поставување на цевка во должина од 600 метри. ЈП Патишта одговара: Во фебруари 2024 поднесено е барањето, точно е, изготвен е одговор, но истиот не е доставен до ЈП Комуналец, бидејќи тие веќе две години не ја платиле фактурата за оваа услуга во износ од 16.500 денари. Крај.

Во овој период се сменила и централната и локалната власт.

Заклучувам: За 250 евра, закочен е проектот од 7 милиони евра,а епидемијата ќе беше избегната, Гостивар ќе имаше чиста вода под притисок. За 250 бирократски евра, страда цел град, илјадници судбини, а трошоците се многу поголеми од 7 милиони евра.

Неверојатно, но вистинито“, напиша тој.


Слично

Поврзани вести