Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зврлевски утре пред пратениците ќе може да се брани од разрешување

Зврлевски утре пред пратениците ќе може да се брани од разрешување

Разрешувањето на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски утре конечно ќе се најде на дневен ред во Собранието. Ова го потврди и претседателот на парламентот, Талат Џафери.

Инаку, и самиот јавен обвинител има право да присуствува на седницата и да се одбрани со свои аргументи пред пратениците. Но, тој не потврди дали ќе дојде на утрешната седница.

Од ВМРО-ДПМНЕ не соопштуваат како ќе настапат утре, но велат дека се работи за политичко разрешување. Предлогот на владата за разрешување ќе го брани заменик министерот за правда, Оливер Ристовски.

Претходно советот на јавни обвинители го прифати предлогот и даде позитивно мислење за разрешување на Зврлевски.

Слично

Поврзани вести