Зврлевски стигна на дневен ред, но утре ќе се расправа за разрешувањето
По одолговлекувањето на расправата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски оваа точка конечно стигна на дневен ред во Собранието, но седницата е презакажана за утре во 11 часот.
Претседателот на Собранието Талат Џафери само најави дека за оваа точка се пријавени голем број пратеници.
Денес пратениците сработија повеќе „задачи“ меѓу кои и изгласување на измени на Општите акти на Народниот правобранител – Правилникот за организација на стручните служби и систематизацијата на работните места, што треба да овозможи непречена работа на неколкуте канцеларии на Народниот правобранител низ државата. Овој предлог беше едногласно изгласан од сите присутни пратеници.
Слично
