Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зврлевски разрешен и од Комисијата за помилување

Зврлевски разрешен и од Комисијата за помилување

Поранешниот јавен обвинител Марко Зврлевски повеќе нема да биде член на Комисијата за помилување. Оваа одлука неодамна ја донел претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

На негово место е назначен Воислав Гавровски, кој е обвинител во Јавното обвинителство.

Освен смената на Зврлевски нема други промени во оваа Комисија која одлучува за помилување или намалување на казните на осуденици.

Зврлевски во август минатата година беше разрешен од позицијата републички јавен обвинител од мнозинството пратеници поради несовесно вршење на функцијата.

Слично

Поврзани вести