Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зврлевски под „контрола“ има стотина полициски службеници

Зврлевски под „контрола“ има стотина полициски службеници

Јавниот обвинител Марко Зврлевски за истраги кои се во тек, а за кои не се откриваат повеќе детали, има ангажирано околу 150 полициски службеници кои се на еден начин под негова „контрола“ бидејќи тој е овластен да издава наредби за истражни дејствија. Секако и обвинителите кои се дел од ОЈО во различни сектори како одделението за организиран криминал и другите оддели ги имаат истите овластувања за нивно ангажирање.

Меѓу ангажираните припадници на МВР има и истражители, инспектори, началници, меѓу кои и раководители на клучни сектори. Тие се додека се на „задача“ во ОЈО не можат да бидат отповикани или разрешени, ниту пак се под контрола од страна на новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. 

Токму ова прашање овие денови се наметна во јавноста како една од причините поради која Зврлевски и натаму е клучна фигура во правосудниот систем бидејќи долго време постојат сомнежи дека незаконски ја вршел функцијата за што и самата влада поведе постапка за разрешување. 

Денеска од 11 часот треба по 8-ми пат да продолжи седницата за смена на Зврлевски, но пратениците на ВМРО-ДПМНЕ грчевито се борат да се одложи самото гласање и ги искористуваат до максимум деловничките права за одолговлекување на расправата.

Слично

Поврзани вести