Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зврлевски и денеска се спаси од разрешување - седницата продолжува утре

Зврлевски и денеска се спаси од разрешување - седницата продолжува утре

Собранискиот претседател, Талат Џафери закажа ново продолжение утре во 11 часот за разрешување на јавниот обвинител, Марко Зврлевски.

Изминативе денови пратениците од опозицијата имаа многу реплики и контрареплики. 

Џафери денеска кажа дека на осум пратеници кои се јавиле за збор во текот на трите собраници седници минатата недела, 200 пратеници се јавиле за реплика.

Пратенците од  власта  се откажаа од учество во расправата, за да заштедат време и Зврлевски побрзо да биде разрешен.

Собранието вчера не одржа седница поради одржување на годишнина од Рамковниот договор.

Разрешувањето на Зврлевски, како точка на дневен ред на шестата седница на Собранието, беше ставена на 5-ти јули, тој уште не е разрешен. 

Слично

Поврзани вести