Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зврлевски денеска се спаси од разрешување - седницата продолжува в среда

Зврлевски денеска се спаси од разрешување - седницата продолжува в среда

Седницата на Собранието за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски, ќе продолжи во среда во 11 часот. 

Собранискиот спикер,  Талат Џафери денеска во 18 часот ја прекина седницата , а продолжението го закажа за в среда.

Дебата меѓу пратениците беше околу тоа дали Собранието работи законски ако и покрај тоа што се распишани локалните избори, може да се разрешуваат и назначуваат лица на јавни функции.

ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека тоа е незаконски, а од СДСМ одговорија дека таа обврска не важи за Собранието, туку за извршната власт.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека против Зврлевски се води политичка хајка. 

Од СДСМ рекоа дека се залудни сите одолговлекувања на ВМРО-ДПМНЕ. 

ДУИ го поддржа предлогот за разрешување на Зврлевски бидејќи сметаат дека тој не покренал постапки за многу спорни случаи.

Слично

Поврзани вести