Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зврлевски денеска куртули од разрешување

Зврлевски денеска куртули од разрешување

Поради откажената седница на која требаше да се расправа за разрешувањето на контроверзниот јавен обвинител, Марко Зврлвски денеска се спаси од разрешување и до среда ќе остане на оваа функција.

За 5 јули е закажана следната седница на која ќе се одлучува по предлогот на владата за разрешување од функција на јавниот обвинител.

Зврлевски има право да присуствува на седницата на која пратениците ќе расправаат за разрешувањето и да се произнесе по овој предлог.

Со осум гласа „за“ и еден против, Советот на јавни обвинители даде зелено светло за предлогот на Владата за разрешување на досегашниот Републички јавен обвинител Марко Зврлевски со што предлогот го потпиша и прати во Собрание генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

Зврлевски функцијата републички јавен обвинител ја извршуваше четири години. На оваа позиција дојде од скопското јавно обвинителство наследувајќи го дотогашниот обвинител Љупчо Шврговски. Беше единствен кандидат на огласот, а Собранието го изгласа на 21 Јануари 2013 година, во вечерните часови со 58 гласови “за“ и ниту еден против или воздржан. Зврлевски важи за близок човек на претходната владејачка структура предводена од ВМРО ДПМНЕ. На свечената заклетва Зврлевски се обврза дека ќе пристапува непристрасно и дека ќе ги почитува сите принципи и правила. 

Слично

Поврзани вести