ЖУРКА ВО СКОПЈЕ ДО САБАЈЛЕ: Полицијата „расипа“ забава на која повеќето биле малолетници, 14 приведени
Дестмина малолетници и уште четворица полнолетни лица присуствувале на синожешната забава во домот на В.М. кој има 24 години. Сепак дружбата била прекината од полицијата, а МВР информираше дека по претходна пријава во 03.49 часот, полициски службеници од СВР Скопје и Бит Пазар извршиле контрола во домот во кој престојува В.М.(24) од Скопје.
„При контролата, освен В.Г., биле затекнати уште 13 лица (три полнолетни и 10 малолетници на возраст од 16 и 17 години) и било констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на Ковид 19, стои во соопштението од МВР.
Лицата се приведени.
Слично
