Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗСРМ за инцидентот во Неготино: Одговорноста за ваквите случувања ја гледаме во MOН

ЗСРМ за инцидентот во Неготино: Одговорноста за ваквите случувања ја гледаме во MOН

Здружението на социјални работници на Македонија (ЗСРМ) искажува загриженост од видеото за врсничко насилство во училиштето во Неготино и додаваат дека социјалниот работник треба да биде дел од стручните служби во училиштата.

Наведуваат дека психичкото вознемирување, физичкото малтретирање, социјалната изолација, сексуалното злоупотребување, а во поново време и насилството на интернет стануваат сериозен психосоцијален проблем со кој се соочуваат се поголем број основци и средношколци.

Укажуваат  дека наставниците немаат доволно информации за тоа како да се справат со врсничкото насилство, а стручните тимови во кои отсуствува социјалниот работник најчесто се ограничени во својата дејност и не се во можност да ја дадат неопходната социјална поддршка која им е потребна на учениците.

„Одговорноста за ваквите случувања ја гледаме во Министерството за образование и наука, кое повеќе од 20 години воопшто не го препознава социјалниот работник како стручно лице кое игра клучна улога во справување со ваквите случаи и ретко е дел од стручните служби во училиштата. Истото го повтори и новото раководство во МОН, кои во новите стратегии не го зема предвид социјалниот работник како дел од стручните служби во училиштата. Согласно сегашната пракса, училиштата ја префрлаат одговорноста за социјалните ризици во центрите за социјална работа, кои и сами се претрупани со одговорности и не се во можност целосно да ги решат ваквите случаи до крај“ – наведуваат од Здружението.

Инцидентот со трите ученички од училиштето во Неготино, според ЗСРМ е вклучување на алармот кој сакаат да го упатат до МОН за вработување социјални работници во стручните служби на училиштата.

За тепањето на ученичката од деветто одделение од две нејзини врснички во ОУ „Гоце Делчев“, Првата детска амбасада „Меѓаши“ денеска побара да се покрене истрага за овој настан, да утврди степен на одговорност и да се преземат мерки вакви случаи да не се повторат.

Министерката за образование, Рената Дескоска денеска во изјава за медиумите соопшти дека случајот е пријавен во МВР и дека ќе бидат преземени мерки за едукација на учениците и нивните родители за превенција од училишно насилство.

Слично

Поврзани вести