ЖРТВИТЕ НИКОГАШ ДА НЕ БИДАТ ЗAБОРАВЕНИ: Има предлог за изградба на Меморијален парк во Кочани
Има предлог да се изгради Меморијален парк на местото на трагедијата во Кочани, каде загинаа 59 луѓе на 16 март годинава.
Би имал површина од 1.600 квадратни метри.
„Како граѓанин на Кочани чувствувам обврска да дадам свој придонес за ова место никогаш да не биде заборавено. Верувам дека ваков парк ќе ја одржи живата меморија за нашите сограѓани и ќе биде симбол на достоинството на целата заедница“, вели авторот на иницијативата Дарко Арсов.

Просторот ќе биде облагороден со зеленило, лаванда и други природни елементи. Младите луѓе загинаа во пожар во дискотека.
Слично
