Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЖРТВИТЕ ГИ УТВРДУВААТ ОФИЦИЈАЛНИ МЕДИЦИНСКИ И ИСТРАЖНИ СЛУЖБИ“: Владата апелира да не се шират дезинформации за бројот на загинати во Кочани

„ЖРТВИТЕ ГИ УТВРДУВААТ ОФИЦИЈАЛНИ МЕДИЦИНСКИ И ИСТРАЖНИ СЛУЖБИ“: Владата апелира да не се шират дезинформации за бројот на загинати во Кочани

Во јавноста се пласираат шпекулации и дезинформации во врска со бројот на загинатите. Владата со целосна одговорност потврдува дека бројот на жртви е 59. Сите други тврдења за 100 или 120 загинати се неточни и неосновани. Ваквите лажни информации само ја зголемуваат вознемиреноста во јавноста и нанесуваат дополнителна болка на семејствата на жртвите.

Ова го соопшти денеска владината пресслужба преку соопштение испратено до медиумите во укажуваат дека ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора да покажеме одговорност и почит кон жртвите.

- Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. Ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора да покажеме одговорност и почит кон жртвите. 

Бројките ги утврдуваат официјалните медицински и истражни служби кои работат на терен. Владата инсистира на целосна транспарентност и јавноста ќе биде редовно информирана за сите нови детали поврзани со истрагата.

Апелираме до медиумите и граѓаните да не наседнуваат на непроверени информации и да не шират шпекулации. Ова не е време за манипулации, туку за заедништво, почит и одговорност - нагласуваат во соопштението. 

Притоа додаваат дека „Владата останува посветена на расчистување на сите аспекти од оваа трагедија и преземање на сите неопходни мерки за да обезбеди правда и поддршка за семејствата на жртвите“.

Слично

Поврзани вести