ЖРК Вардар со големи шанси да го донесе првиот ЛШ пехар во Скопје
Женската ракометна екипа на Вардар за прв пат во својата историја ќе игра во големото финале на Лигата на шампионите откако по неколку обиди завршуваше само во игра за бронзениот медал.
Под водство на Дибирова, непромашливата Пенезиќ со седум гола и несовладливата голманка Лејно, Вардарки совршено го совладаа Букурешт кој е актуелен европски шампион и го детронизираа со 38-33, разлика која во текот на натрпеварот изнесуваше и десет гола.
Утре во Будимпешта во борба за златното одличје ќе се судрат со екипата на Ѓер, па уште сега има големи желби пехарот да биде донесен во Скопје.
Слично
