ЖРК Вардар донесе голема радост со пласман во ново полуфинале
Женската ракометна екипа на Варда го обезбеди четвриот настап во полуфиналето на Лигата на шампиони на Европа откако и дома го совлада норвешкиот тим Митјиланд и непоразен од овој дуел ќе патува во Будимпешта на Фајнл фор турнирот на крајот на мај.
Во С.Ц. Јане Сандански не беше прикажан врвен ракомет со голем број на промашени шанси и слаба реализација на двете страни, но вардарки повеќе ја посакуваа победата и со сигурна игра во клучни моменти ја осигураа победата од 26:24 што е надополнување на триумфот во Икаст од 28:26 на гостински терен.
Слично
