Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жребка во ДИК, за партиите и коалициите ќе се утврди редослед

Жребка во ДИК, за партиите и коалициите ќе се утврди редослед

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе направи жребување за редоследот на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори на 11 декември.

На изборите ќе учествуваат коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската коалиција предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија и Коалицијата „Алијанса за Албанците“ која ја сочинуваат Движењето за реформи – ДПА, УНИТЕТИ и НДР, како и партииите ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица и Беса.

Во понеделник на 21 ноември почнува изборната кампања. Таа ќе трае 20 дена и ќе заврши на 9 декември.

Партиите и коалициите веќе се подготвуваат за митинзи. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ кампањата ќе ја започнат традиционално во Охрид, СДСМ и коалициските партии ќе имаат митинг во Прилеп, ДУИ во Липково.



Слично

Поврзани вести