Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жозеп Борел пристигна во Македонија

Жозеп Борел пристигна во Македонија

Денеска на Меѓународниот аеродром Скопје слета потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи, Жозеп Борел, а беше пречекан од вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.

Вицепремиерот му посака добредојде на Борел и успешни средби што ќе ги оствари со највисоките државни претставници во текот на утрешниот ден. Борел ја започнува балканската турнеја од Македонија.

- Оваа балканска турнеја која потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи, Жозеп Борел, ја започнува токму од Скопје, е добар сигнал дека ние и регионот остануваме во фокусот на Европската Унија. Во пресрет на утрешниот заеднички состанок со премиерот Ковачевски, покрај другите точки очекувам ќе разговараме за украинската криза и за нашата регионална соработка којашто е препозаена како извор на стабилност и безбедност, како и за заложбите за брза европска интеграција на Западен Балкан кон Европската Унија, во што е можно побрзи рокови, напиша Маричиќ.

Ова е прва официјална посета на Борел на Македонија, како висок претставник на ЕУ, во чии рамки ќе оствари средби со со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, министрите за надворешни работи и одбрана, Бујар Османи и Славјанка Петровска.


Слично

Поврзани вести