Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗОШТО ЗАМИНУВА - шефицата на кабинет на министерката Ангеловска си поднесе оставка

ЗОШТО ЗАМИНУВА - шефицата на кабинет на министерката Ангеловска си поднесе оставка

Во петокот шефот на кабинет на актуелната министерка за финансии, Нина Ангеловска, си поднела оставка.

Олимпија Христова Заевска, која ја вршеше функцијата шеф на кабинетот на министерката Ангеловска, си поднела неотповиклива оставка од својата функција.

Оваа информација за Фактор ја потврдија и од Министерството за финансии.

Таа веќе и се збогувала со колегите, а фотографијата била објавена и на нејзиниот инстаграм профил. 

„Колку добра и вредна дружина. Ќе ми недостигате“, напишала Заевска на својот инстаграм профил.

Засега нема информации кои се причините што Заевска решила да ја напушти оваа позиција.

Претходно и друга дама од Кабинетот на министерката Ангеловска си замина од своето работно место, односно по еден месец работа таму, си отиде Анја Марија Макеска.

Слично

Поврзани вести