Економија, финансии, бизнис

Контакт

АДИНГ со повисоки приходи за 8 отсто - позитивен финансиски резултат за првото полугодие

АДИНГ со повисоки приходи за 8 отсто - позитивен финансиски резултат за првото полугодие

Компанијата АДИНГ АД Скопје во периодот од 01.01.2026 до 30.06.2026 година оствари вкупен приход од 347.752.000 денари, што претставува зголемување од 8,3 отсто во однос на истиот период лани. 

Консолидираниот приход од продажба изнесува 344.271.000 денари или околу 5,6 милиони евра, при што 63,2 проценти од приходите доаѓаат од продажба на домашен пазар, а 36,8 отсто  од странски пазари, вклучувајќи Србија, Бугарија, Црна Гора, БИХ, Украина, Косово, Либија и Грција.

Делот на приходите по квартали покажува дека во првиот квартал реализирале 128.973.000 денари, додека во вториот квартал приходите изнесуваат 218.779.000 денари.

Во однос на трошоците, АДИНГ оствари вкупни расходи од 295.300.000 денари или околу 4,8 милиони евра, што претставува зголемување од 6,6 отсто во однос на истиот период лани. Расходите по квартали покажуваат дека во првиот квартал изнесувале 122.906.000 денари, додека во вториот квартал 172.394.000 денари.

На крајот на периодот, компанијата оствари позитивен финансиски резултат, односно добивка пред оданочување во висина од 49.257.000 денари или околу 800.000 евра, што е зголемување од 15 проценти во однос на ланската добивка од 42.822.000 денари. Добивката пред оданочување е за 114,4 отсто повисока од планираната во износ од 22.970.000 денари.

Во текот на првото полугодие, АДИНГ АД Скопје нема значајни промени во кредитната задолженост, а остварени се капитални инвестиции во висина од 17.214.000 денари, додека залихите на готови производи се намалени за 3.195.000 денари. Исплатена е дивиденда од 104.000 денари.

Компанијата покажува стабилна финансиска состојба со позитивни парични текови и остварување на планираните активности во согласност со пазарната побарувачка, одржувајќи раст на приходите и контрола над трошоците.


Слично

Поврзани вести