Економија, финансии, бизнис

Контакт

АУТОМАКЕДОНИЈА СО НОВ РАСТ НА ДОБИВКАТА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАВА - приходите од продажба се зголемиле за 17 проценти

АУТОМАКЕДОНИЈА СО НОВ РАСТ НА ДОБИВКАТА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАВА - приходите од продажба се зголемиле за 17 проценти

Зголемена и стабилна добивка, како и пораст на приходите бележи еден од најзначајните увозници на автомобили во земјава „Аутомакедонија“ во првите шест месеци од годинава. 

Согласно објавата на Македонска берза, Аутомакедонија во првите шест месеци од 2026 година оствари приходи од 298 милиони денари, или приближно 4.844.000 евра, што претставува раст од 5 отсто во споредба со истиот период од претходната година. 

Од нив, приходите од продажба изнесуваат 296 милиони денари или околу 4.813.000 евра, при што е забележано зголемување од 17 проценти, предизвикано од поголемиот обем на деловни активности на ниво на групацијата. 

Во поединечниот извештај оперативните приходи достигнуваат 218.000.000 денари, односно околу 3.544.000 евра, што е намалување од 10 отсто предизвикано од пренесувањето на сервисните активности во посебно зависно друштво.

Добивката на комапнијата достигнува 455 илјади евра. 

- Консолидираната оперативна добивка изнесува 28 милиони денари и е зголемена за 26 , што укажува на подобрена оперативна ефикасност и профитабилност на ниво на Групацијата. 

Групацијата оствари консолидирана нето добивка по оданочување од 20,6 милиони денари, што претставува раст од 35% во однос на истиот период од 2025 година. Нето добивката што им припаѓа на акционерите на матичното друштво изнесува 19,4 милиони денари и е зголемена за 36 проценти - се укажува во извештајот на Аутомакедонија доставено до Македонска берза.

Консолидираните оперативни расходи изнесуваат 270 милиони денари, односно приближно 4.390.000 евра, со раст од 4 проценти, што е пониска стапка од растот на приходите и укажува на подобрена оперативна ефикасност. 

Добивката што припаѓа на акционерите на матичното друштво изнесува 19.400.000 денари или приближно 316.000 евра, со зголемување од 36 проценти. Во поединечниот извештај, нето добивката е 12.600.000 денари или околу 205.000 евра, намалување предизвикано од организациското издвојување на сервисните активности.

На 30 јуни 2026 година, вкупните консолидирани средства достигнуваат 1.184 милиони денари, односно околу 19.248.000 евра, со зголемување од 8 отсто. Вкупната консолидирана главнина и резерви изнесуваат 478.500.000 денари или приближно 7.782.000 евра, додека обврските изнесуваат 705.400.000 денари или околу 11.464.000 евра, со зголемување од 7 проценти. Зголемувањето на капиталот е резултат на позитивниот резултат во тековниот период и акумулираната добивка.

Консолидираниот нето паричен тек од оперативни активности е позитивен и изнесува 67.600.000 денари или околу 1.099.000 евра, наспроти 29.000.000 денари (472.000 евра) во истиот период од претходната година. 

Нето одливот од инвестициони активности достигнува 88.500.000 денари или приближно 1.438.000 евра, а паричниот тек од финансиски активности е 5.400.000 денари или околу 88.000 евра. На крајот на периодот, паричните средства достигнуваат 12.000.000 денари, односно приближно 195.000 евра.

Резултатите покажуваат стабилност и континуитет во работењето на Аутомакедонија АД Скопје, со раст на приходите и подобрена профитабилност и оперативна ефикасност, дури и во услови на променливо економско опкружување.

Инаку Аутомакедонија согласно објавата на нивната веб страна ги застапува и увезува брендовите Isuzu и Skywell. 

Во својата долгогодишна историја од 1947 година наваму, компанијата била увозник или застапник и за други познати брендови како Opel, Chevrolet, Saab, Scania, Iveco, Застава, Тојота, Мерцедес, Хјундаи, Фиат, Шкода, Волга и Рено.

Денеска групацијата Аутомакедонија нуди и други услуги во своето работење, продава и поволни возила, сервис и оджрување на сите типови и марки на автомобили, камиони и автобуси, исто така има посебен сектор за технички преглед и регистрација на возила, а нуди и рентакар услуги, како и осигурување...

П.О.

Слично

Поврзани вести