Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Заев сака да ја посети Софија пред 10 ноември?

Зошто Заев сака да ја посети Софија пред 10 ноември?

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека сака да ја посети Софија и дека се работи на решавање на проблемот со Бугарија. 

Се надева дека тоа ќе се случи пред Берлинскиот процес, односно пред 10 ноември.

„Сакам да ја посетам Бугарија и не го кријам тоа што е моја желба, првата моја официјална посета од соседните земји да биде Република Бугарија заради пријателството, заради тоа што првиот мандат почна така и верувам дека големи успеси на државата се прокнижија во целиот овој период и верувам дека тоа ќе се случи“, кажа Заев.

Вели дека што ќе има решение со источниот сосед, тоа веднаш ќе биде соопштено. 

Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи е оптимист дека ќе има решение со Бугарија. 

Инаку, билатералната интердисциплинарна комисија од експерти за историски и образовни прашања како дел од Мешовитиот комитет пропизлезен од Договорот за добрососедство предводена од Ангел Димитров денеска пристигна во Скопје.

Од Софија веќе имаше најави за можна блокада на преговорите со ЕУ. 

Слично

Поврзани вести