Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фото: Зошто за депонијата во Бутел се уште не е најдено решение

Фото: Зошто за депонијата во Бутел се уште не е најдено решение
Иако градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски во изборната трка ветуваше дека еден од неговите приоритети и први чекори ќе биде расчистување на отпадот во Бутел, отпадот сеуште стои.

Ако поминете од улица „Христијан Тодоровски Карпош„ низ „Цетињска“ ќе забележите огромна депонија за која никој ништо не превзема. Граѓаните на општината револтирани упатуваат критики, барајќи тој да си стои на зборот и да се грижи за целата општина.

„Убаво е тоа што екипа од ЈП комунална хигиена чистат околу општинската зграда наутро. Меѓутоа, поминувам веќе неколку пати од улица „Христијан Тодоровски Карпош“низ „Цетињска“ и срам ме фаќа од мојата населба и од сето ѓубриште - небаре e сцена од филмот „Slumdog Milionaire “ - изјави А.Ѓ  жителка на општина Бутел, .

Изминатата недела градоначалникот се пофали дека добиле донација од индустриската зона Визбегово, која се состои од основна опрема и друг алат за 30 вработени што ја одржуваат хигиената во општината, а жителите се надеваат дека со тоа ќе започне и прочистувањето на отпадот.



Слично

Поврзани вести