Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗОШТО ВЧЕРА СЕ ПРЕПОЛОВИ БРОЈОТ НА ВАКЦИНИРАНИ - имунизирани 4.148 граѓани, наспроти 10.221 завчера

ЗОШТО ВЧЕРА СЕ ПРЕПОЛОВИ БРОЈОТ НА ВАКЦИНИРАНИ - имунизирани 4.148 граѓани, наспроти 10.221 завчера

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 398.243 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 220.733 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.123 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 4.148 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 259.577 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани. Со последните бројки 45,7 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, велат од МЗ.

Нема објаснување зошто бројот на вакцинирани вчера е преполовен во однос на завчерашниот ден, кога беа аплицирани 10.221 вакцини.

А, во одредени денови бројот на вакцинирани одеше и до над 14.000 граѓани.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Слично

Поврзани вести