Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто „Тигрите“ вежбале во МОБ два дена пред Крвавиот четврток?

Зошто „Тигрите“ вежбале во МОБ два дена пред Крвавиот четврток?

Вежба на специјалната полициска единица „Тигар“ на два дена пред крвавиот напад во Собранието на Република Македонија одржана во просториите на Македонската опера и балет отвара многу прашања. 

Најпрво зачудува зошто „Тигрите“ би вежбале во простории на МОБ кога имаат свој центар за такви пригоди, а второто прашање е ако веќе вежбале и биле близу македонското Собрание тогаш зошто толку многу доцнеше интервенцијата кога животот на пратениците и новинарите беше доведен во прашање.

Според извори на ТВ 24, специјалците влегле преку подрумот на МОБ, па преку Империјал хорската сала, продолжиле кон долгиот ходник кој ги дели гардероберите на уметниците. Вежбата траела околу 1 час.

Директорот на Македонската опера и балет, Игор Дурловски, ниту ја потврди, ниту ја демантираше информацијата. 

„Не можам да давам информации од таков карактер, Ве молам обратете се кај надлежните органи.“

Дали од овие причини МОБ наместо објект за опера и балет се претвори во сцена за вежби на специјалните сили останува отворено. Шефот на МОБ Дурловски не беше расположен за повеќе детали. Дурловски се откажа од организацијата на протестите на „За заедничка Македонија“ по насилствата во Собранието.

Извор: 24vesti.mk


Слично

Поврзани вести