Зошто техничкиот министер за внатрешни ги бара возилата од обезбедувањето на Спасовски?
Јавноста се прашува зошто техничкиот министер за внатрешни работи бара да се вратат возилата кои на располагање ги има обезбедувањето на премиерот во техничката влада Оливер Спасовски.
Дека ова го барал Чулев, за дел од медиумите потврдил самиот технички министер кој, како што се наведува преку телеграма побарал околу 30 тина возила да бидат вратени до 20 часот во петокот вечерта.
Образложението од Чулев било дека возилата се користат несоодветно а меѓу нив спаѓаат и автомобили кои на располагање ги има обезбедувањето на моментниот премиер Оливер Спасовски.
Едно од возилата го користела и дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска која потврдила дека постои телеграмата, но и самата не знаела зошто Чулев побарал такво нешто.
Дел од медиумите пренесоа и дека согласно законите со постапките на Чулев, со кои бара одземање на возила од обезбедувањето на техничкиот премиер, ја загрозува безбедноста на Спасовски но и на неговото семејство.
