Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто судењето за случајот „Монструм “ тапка во место?

Зошто судењето за случајот „Монструм “ тапка во место?

Иако за денес, најавено дека ќе продолжи  судењето на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012, познат и како случај „Монструм“, судењето беше одложено.

Судењето  за овој случај денеска  по вторпат беше одложено, а како директна причина за одложувањето е недоаѓање на јавниот обвинител. Но, според судијата причината можеби е поради тоа што СЈО пред два дена поднело барање за преземање на предметот „Монструм“ кое вчера им било доставено.

Новото рочиште е закажано за 17 април. 

 Целиот случај  кој беше вратен од почеток, доби друга димензија откако лидерот на СДСМ Зоран Заев најави дека има „бомби" што ќе ја откријат вистината за петкратното убиство.

Заев им вети на родителите и роднините, но и на целата јавност дека ќе ја слушнат вистината за овој настан. Тој пред повеќе од една година ги предаде овие докази во СЈО, каде што сѐ уште трае предистражната постапка за овој случај.

Поради новите докази што се појавија за овој настан, Врховниот суд донесе одлука предметот да го врати на повторено и да им го укине притворот на обвинетите.

Родителите на убиените момчиња се гневни и ги обвинуваат институциите и судијата.

„До кога ќе се купува време, ова е политички пазар. Нашите деца скапуваат во гроб. Имате ли душа судија, имате ли и вие деца", го прашаа денеска судијата Огнен Ставрев родителите на момчињата што пред шест години беа убиени кај Смилковско Езеро.

Петкратното убиство кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година. За тероризам на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се осудени во отсуство и по нив е распишана меѓународна потерница.


Слично

Поврзани вести