Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто ССМ не избра нов лидер?

Зошто ССМ не избра нов лидер?

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ)  на вонредниот конгрес во Охрид денеска не избра нов лидер.

Некои од делегатите остро реагираа затоа што за новата лидерска функција беше предложен само еден кандидат, односно претседателот на гранковиот синдикат СУТКОЗ, Дарко Димовски.

Конгресот беше прекинат. Сега Верификационата комисија на Синдикатот во рок од 30 дена треба да ги утврди можните кандидати кои ќе бидат предложени за лидерската позиција.

На Конгресот беа присутни 93 од вкупно 113 - те делегати од 17 гранкови синдикати кои членуваат во ССМ. 

За претседателската функција се кандидираа и Пецо Грујовски, кој е претседател на УПОЗ, како и на претседателот на Македонскиот полициски синдикат Ацо Антовски, но претседателството на ССМ ги отфрли нивните кандидатури со образложение дека не ги исполниле условите за кандидатура.

Слично

Поврзани вести