Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Солунскиот градоначалник денеска доаѓа во Скопје?

Зошто Солунскиот градоначалник денеска доаѓа во Скопје?

На прашањето дале спорот со името денеска ќе биде ставен на маса на средбите кои солунскиот градоначалник ќе ги има со македонските функционери, одговорот е Не.

Јанис Бутарис во Скопје доаѓа на средби со скопскиот градоначалник Петре Шилегов, премиерот Зоран Заев, претседателот Иванов и министерот за надворешни работи Никола Димитров, а планирана е средба и со Али Ахмети.

На средбите според најавите ќе се разговара за соработката меѓу Скопје и Солун.

Бутарис за грчките медиуми рекол дека тој не се занимава со надворешна политика и дека целта е да се приближат граѓаните на двете земји и заеднички да се работи на проблемите кои ги имаме како соседи.

Според Бутарис, голем број граѓани на Македонија доаѓаат во Солун за шопинг, забава и туризам. Целта на посетата на Скопје, вели, е да се изградат најдобри можни односи меѓу двата града, но верува дека оваа „дипломатија меѓу градовите“ ќе ја унапреди климата во двете општества, што е предуслов за изнаоѓање решение со консензуз. 

Слично

Поврзани вести