ЗОШТО СМРТНОСТА ОД КОВИД 19 ВО МАКЕДОНИЈА И РЕГИОНОТ Е МАЛА: Научниците од Белгија имаат одговор
Научници од Белгија соопштија зошто Балканот е помалку погоден од коронавирусот.
Експертите од Универзитетот Гент тврдат дека генетските разлики се клучни.
Некои генетски карактеристики влијаат на нивото на пандемијата на Kовид-19. Постои врска помеѓу генот ACE1 и Ковид-19, објави „Ла Либре“.
Скандинавските држави и оние од Источна Европа се помалку погодени од пандемијата од другите земји како резултат на разликите во гените.
Во скандинавските земји бројот на смртни случаи е многу помал од просекот, додека во балканските земји, вклучително и во Македонија, бројот на починати е релативно мал.
Пандемијата на коронавирусот сериозно ги погоди Италија, Шпанија и Соединетите Американски Држави.
Полиморфизмот е термин што во генетиката опишува појава на повеќе варијанти на истиот ген во рамките на една популација (повеќе алели на иста локација во ДНК).Во Македонија досега од компликации на коронавирусот починаа 86 луѓе.
Во Велика Британија како последица од Ковид-19 починаа над 32.000 луѓе, со што земјата ја престигна Италија на списокот на најпогодени европски земји.
