Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗОШТО СЕЗОНЦИТЕ ЗАМИНУВААТ НА РАБОТА ВО СТРАНСТВО? Подобра плата, услови, но и повеќе ги ценат

ЗОШТО СЕЗОНЦИТЕ ЗАМИНУВААТ НА РАБОТА ВО СТРАНСТВО? Подобра плата, услови, но и повеќе ги ценат

Сите земји се соочуваат со недостиг од сезонски работници а како главна причина за тоа е заминувањето на луѓето што би ја работеле таа работа.

За берење овошје во соседна Србија се плаќа по 50 евра на ден, а во Хрватска и Грција многу повеќе.

За работа во угостителство, поточно, како готвач во Хрватска, може да се дојде до плата и од три илјади евра, со вклучено сместување и храна. 

Келнерите заработуваат две илјади евра, хигиеничарките и собарките од илјада до илјада и петстотини евра, плата што кај нас речиси никогаш не би ја добиле.

И градежништвото кубури со работници, бидејќи стручните кадри заминуваат надвор да работат, каде дневниците одамна надминуваат и педесет евра.

Дополнително, тамошните работодавци се обидуваат на секој можен начин да си ги задржат своите работници, излегувајќи им во пресрет но и слушајќи ги нивните потреби и барања.

Слично

Поврзани вести