Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто се води војна за цената на нафтата?

Зошто се води војна за цената на нафтата?

Русија нема да игра улога на статист во конкуренцијата на глобалниот пазар на нафта. Ова го изјави интервју за италијанското издание Corriere Della Sera шефот на „Роснефт“, Игор Сечин, цитиран од агенциите.

„Што е поентата на сегашната ценовна војна? Мислам дека прво тоа е конкуренцијата за поделбата на нафтените пазари. И Русија во овој случај не смета да ја игра улогата на статист“, изјави Сечин.

Шефот на „Роснефт“ е исто така уверен во тоа дека времето на ниски цени на нафтата нема да продолжи уште долго. Иако „производителите, трговците и потрошувачите сега две години дебатираат и бараат спасувачки механизми за да се вратат на регулиран и стабилен пазар на суровината“.

Според зборовите на Сечин „враќањето на нивоата од претходно е неизбежно, доколку намалувањето на капиталните инвестиции во индустријата ќе доведат до дефицит на понудата, кој нема да биде можно побрзо да се компензира“.

Вчера, искажувајќи се пред Петтиот Евроазиски форум во Верона, Сечин прогнозира дека цената на нафтата во следната година и половина ќе надмине 55 долари за барел. При таква ситуација, според шефот на „Роснефт“, Русија ќе може да го зголеми производството за уште 200 милиони тони годишно.


Слично

Поврзани вести