Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто се укинуваат психолошките тестови за идните директори?

Зошто се укинуваат психолошките тестови за идните директори?

Законските  измени  со кои се укинуваат психолошките тестови за директори на државни агенции, училишта и други институции, со образложение дека нема стручен кадар за да ги направи се проблем за кој треба многу да се дискутира, но пред се да се консултира стручната јавност- вели за Фактор, претседателката на Комората на психолози, Мирјана Јовановска Стојановска. Комората на психолози  меѓу своите лиценцирани членови како што вели има високо образован кадар, психолози-професори, психолози- доктори на науки, практичари психолози кои се занимаваат со психодијагностика, психолози кои се бават со истражувачка работа и се многу вични во користење на психолошки тестови. Сите овие заедно и секој од својата професионална гледна точка градат армија на високо образовани стручњаци-психолози кои можат високо професионално и потполно одговорно да одговорат на најразлични барања во однос на било кој аспект на психолошките тестови.

“Укинување на тестовите е проблем за кој треба да се дискутира бидејќи постојат многу нејасни елементи; дали тој тест е стандардизиран за нашата популација, кој го одобрил тој тест, зошто воопшто бил задаван, кој одобил да се задава ? Комората на психолози не е консултирана по ни едно од овие прашања, а ниту пак сега кога се прават законски измени. Кој проценува дека овој тест може или не може да се задава, ако не прашаат стручњаци за тоа? Може исто да се дискутира дали треба да има таков тест за државни службеници . Но во никој случај неможе да се каже дека непостојат стручен кадар да изврши стандардизација на тестовите и да спроведе тестирање”- додава Јовановска Стојановска.

Комората на психолози според неа  има Комисија за поставување на стандарди за стандардизација на психолошки тестови. Комисијата вели претседателката,  направила одличен правилник за стандардизирање на тестови, а во Комората има стручњаци кои можат да одговорат на предизвик да создадат соодветни психолошки тестови

“Мислам дека се работи за груб превид или можеби недоволна информираност. Психолог е племенита струка и јас и колегите немеме доживување на омаловажување туку на занемарување. На Комората на психолози досега никој званично не и се обратил. Нити кога го воведувале тоа тестирање нити пак сега кога го укинуваат”- потенцира Јовановска Стојановска.

Психолошкото  тестирање како што објаснува, значи употреба на психолошки инструменти, прашалници, тестови, скали на процена врз база на кои се донесуваат психолошки наод и мислење.

“Психолошкото тестирање е единствен материјален доказ на база на кој се поставуваат психијатриските дијагнози. Психолошкото тестирање е дел од многу вештачења и е основа за многу донесени пресуди, одлуки. Комората на психолози здружила многу професионални високо остручени психолози кои нашава земја ги има како огромен професионален потенцијал. За жал тој потенцијал не да се користи погрешно, туку се занемарува и воопшто не се користи. Државата троши огромни финансиски средства да ги школува мадите луѓе и да ги оспособи за професионален живот, а потоа сосема ги занемарува и не ги користи. Од тоа има штета целокупното население. Психолозите на сите места каде што работат во институциите под Министертвото за здравство, Мин. за труд и социјална политика,  за образование,  користат психолошки инструменти и директоно влијаат врз квалитетот на работата на таа институција”- нагласува претседателката на Комората на психолози.

Вели дека Комората ќе испрати допис до Министерството за образование и наука и соодветните институции  но и до Владата со нивни реакции и забелешки и очекува надлежните пред да носат одлуки да ја консултираат стручната јавност која има знаење и квалитет да партиципира во креирањето на општествените политики.

С.Б.

Слично

Поврзани вести