Зошто се повлечени измените на Кривичниот законик?
Повлечени се измените на Кривичниот законик.
Во последен момент и непосредно пред почетокот на денешната собраниска седница е повлечен спорниот предлог законот за измени во Кривичниот закони, предложен од група пратеници. За измените во Кривичниот законик реагираше јавноста поради информации објавени во медиумите дека се предвидува измена на член 353 од Законот, кој се однесува на злоупотреба на службената положба и овластувања во јавни набавки.
Измените на Кривичниот законик биле три пати поднесени па повлечени од страна на групата пратеници кои се јавуваат како предлагачи. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, го соопшти ова на денешната седница во Собранието на која пратениците одлучија законот да се усвои по скратена постапка.
Мицевски рече дека пратениците се збунети и не знаат кои измени се повлечени, а кои се предлагаат.
