Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗОШТО СЕ ОДЛОЖИ ПОСЕТАТА НА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ НА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА - има ли врска „кавгата“ на Владата со Алијанса за Албанците

ЗОШТО СЕ ОДЛОЖИ ПОСЕТАТА НА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ НА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА - има ли врска „кавгата“ на Владата со Алијанса за Албанците

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска требаше да ја посети општата болница во Прилеп, но сега од неговиот Кабинет соопштија дека таа посета се одложува. 

„Почитувани, денешната предвидена посета на министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на Општата болница со проширена дејност Прилеп со почеток од 11.00 часот се одложува за следните денови. Во текот на следната недела, ќе ве информираме за точниот ден на одржување на настанот“, се вели во известувањето што го добија медиумите од Министерството за здравство.

Дали одложувањето е поврзано со некоја сосема друга причина, или, пак, како што веднаш би можеле да се забрашаме, има врска со состојбите во владината коалиција, односно случувањата во Алијанса за Албанците, од чии редови доаѓа министерот за здравство Меџити? 

Како што е познато, лидерот на таа партија Арбен Таравари рече дека на претстојните избори ќе настапи заедно со албанската опозиција, слушајќи го гласот на народот, по што министрите Меџити и Алиу застанаа на негова страна. Но, тие рекоа дека нема причина зошто да поднесат оставки од Владата, реагирајќи што вчера не се разгледувале нивните предложени точки на дневниот ред на владината седница. Дали одложувањето има врска со тоа или посреди биле други мотиви, ќе се дознае во следниот период. 

Слично

Поврзани вести