Зошто само лекарите и сестрите добија повисоки плати - помошниот персонал се дигна на протест
Здравствената администрација и помошно-техничкиот персонал вработени во клиниките во комплексот Мајка Тереза денеска излегоа на протест поради незадоволството од нивните плати.
Администрација во здравството е лута затоа што не добија зголемување на платата заедно со лекарите и медицинските сестри. Тие изјавиле дека се изманипулирани од министерот за здравство Венко Филипче.
А министерот за здравство, пак, неодамна изјави дека Владата не може да ја одвои здравствената администрација од останатите административни работници.
„До кога административно- техничкиот персонал ќе биде дискриминиран и манипулиран, и овие вработени имаат семејства и се борат за опстанок“, ијавија вработените.
Се најавува и дека ако не се исполнат нивните барања, можно е протестите да се прошират и на ниво на цела држава.
А вчера, синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ), соопшти дека го поддржува протестот на административниот и помошно-техничкиот персонал во здравството, откако тие беа изоставени во последниот бран на покачување на платите на здравствените работници.
„Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија ги поддржува нивните барања за покачување на платите и изземање на здравствената администрацијата од Министерството за информатичко општество“, напишаа од САДУ.
