Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Русковска му се јавувала на Мицкоски?

Зошто Русковска му се јавувала на Мицкоски?

Обвинителката Вилма Русковска вечерва во интервју на ТВ 24 изјаво дека пред претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да мафта со документи за кои тврди дека се од истрагата „Рекет“, таа му се јавила на телефон за неговите изјави дека има сознанија за многу други случаи. Но, тој и рекол дека не изјавил баш така.

„Пред да мафта со тие работи, го побарав на телефон затоа што имаше изјавено дека никој не го викнал во ОЈО, а тој знаел и за други случаи. Го прашав за кои случаи има сознанија, рече дека тој тоа не го кажал тоа. Го прашав дали има сознанија за други луѓе од кои биле барани пари, рече ќе размисли. Бев презафатена со други работи. Јас сум сигурна дека нема да сака да помогне, но не ја исклучувам можноста да биде повикан“, рече Русковска.

Во врска со чантата Луј Витон на Катица Јанева, таа изјави дека чантата е пронајдена кај Јанева имала иницијали КЈ и дека не е истата чанта од фамозната снимка со Боки 13 и Кичеец.

Русковска потенцираше дека кртот од кој протекле исказите на обвинетите, засега не е откриен.

Слично

Поврзани вести