Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто руските олигарси оставаат сиромашни наследници?

Зошто руските олигарси оставаат сиромашни наследници?

Се почесто милијардерите се одлучуваат да го донираат своето богатство.

Михаил Фридман, кој според економското списание Forbes има богатство од 13,3 милијарди долари, ќе донира поголем дел од парите по смртта за добротворни цели и така нема да остави речиси ништо на наследниците.

Децата на 52-годишниот банкар може да останат со празни раце, пишува германскиот весник Handelsblatt.

„Најлошото што може да го направиш на своите деца, би било да им оставиш купче пари"- вели тој.

Тој се надева дека неговите деца ќе направат сами кариера и така нема да се потпираат на наследството.

Фридман вели дека неговите бизнис партнери сакаат да го следат неговиот пример.

Слични планови има и Александар Мамути, банкарот и сопственик на медиумскиот портал Rambler. Тој планира  да остави на своите деца сосема мал дел од својот капитал - сума од 2,4 милијарди евра.

Сака да донира средства на образовни, научни институции и фондации кои работат во корист на земјата.

Слично

Поврзани вести