Зошто плаќаме фактури, а не тренираме во ресортот Маврово: И ски клубот Меденица му се обрати на Циговски
По повод последните случувања во Скијачката федерација на Македонија и демантот објавен од страна на Огњан Циговски, во кој вели дека во Ресортот Маврово сите клубови имаат можност да тренираат, се огласи ски клубот – Меденица. Прашуваат дали сите клубови плаќаат за тренинг на деца во овој ресорт
„Дали е тоа 12.000 денари за 2,5 часа и 24.000 денари за 5 часа тренинг, или тоа важи само за Ски Клуб Меденица?
Зошто за Ски Клуб Меденица, и покрај тоа што фактурите за тренинг ги плаќаше редовно и авансно (како што Вие баравте) нема можност за тренинг на капии во Ресорт Маврово, прашуваат од Меденица.
Велат дека ски клубот Меденица своите тренинзи на капии ги одржува и на Попова Шапка, Копаоник, Крањска Гора, Хинтертукс Австрија и многу други места и дека никаде и на ниту еден клуб не побарале пари за тренинг.

За Федерацијата имаат и други прашања
- Дали се почитува правилникот за регистрација на натпреварувачи и кој дозволи натпреварувачи без лекарско уверение да настапат на трка во организација на СФМ?
- Дали чувствувате лична одговорност за 20 пати помалите ваучери што СФМ и клубовите ги добија оваа година?
- По кои критериуми ги поделивте средствата од игри на среќа што Ви беа дадени од АМС?
- По кои критериуми ги финансирате ФИС натпреварувачите?
- Дали Вашите критериуми се ПОДОБНИ и НЕПОДОБНИ.
И за крај сакам да ви порачам дека можеби можете да не избркате од "вашето" Маврово но насмевката и желбата за скијање на нашите деца нема никогаш да ни ја одземете, децидини од се од ски клубот Меденица.
