Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Пендаровски се вакцинираше во Куманово?

Зошто Пендаровски се вакцинираше во Куманово?

Шефот на државата, Стево Пендаровски се вакцинираше во Куманово. 

Тој денеска ја прими првата доза од вакцината против  коронавирусот во Куманово за да ја разбие дилемата и шпекулациите дека едни вакцини се даваат во Скопје, а други во другите градови. 

„Уште од поодамна решив заедно со други членови на Кабинетот кои се од Скопје, да се вакцинираме во некој друг град во Македонија, затоа што има и такви шпекулации, такви дезинформации дека наводно едни вакцини се даваат во Скопје, други вакцини се даваат во градови. Да ја разбиеме таа шпекулација... Сите вакцини што доаѓаат во земјава се проверени, сите тие се ефикасни, и не треба да имаат никаков сомнеж, треба што побрзо да го направат тоа, бидејќи повеќе од една година сме практично како во затвор и добро е што побрзо да се враќаме во нормала“, рече Пендаровски.

Министерството за здравство информира дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 376.987 граѓани.

foto МИА

Слично

Поврзани вести