Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЗОШТО ОВА Е ДЕ ФАКТО РЕТРОАКТИВНА МЕРКА?“: бурни реакции за данокот на приходи од странство кој го побарува УЈП

„ЗОШТО ОВА Е ДЕ ФАКТО РЕТРОАКТИВНА МЕРКА?“: бурни реакции за данокот на приходи од странство кој го побарува УЈП

Барањето на Управата за јавни приходи за наплата на данок на приходи од странство и тоа ретроактивно, од 2020 година наваму, поттикна силна реакција меѓу граѓаните. 
На социјалните мрежи се множат ракциите, а меѓу нив има и такви кои бараат одгооври, зошто ист закон порано се толкувал поинаку, а денеска се бараат пари за дејност за која порано не се барало наплата ниту докази. 
- Зошто проблемот на Кумановци со персоналниот данок наскоро ќе е проблем на цела Македонија?

Веројатно веќе сте виделе на вести или на Фејсбук дека во Куманово има масовни протести поради решенија за персонален данок од 10% за работа во Ирак и Авганистан за 2020-та година, кои граѓаните треба да ги платат во рок од неколку дена (до 5 јануари 2026), а доколку не платат – почнува да тече дневна затезна камата. И тоа за приходи од последните 5 години – сè одеднаш.

Во меѓувреме, американските компании не работат поради Божиќ, потоа следуваат Нова година и Божиќ кај нас, што го прави исполнувањето на овие рокови речиси невозможно - пишува во објавата на Фејсбук. 

Притоа креаторите додаваат дека ова не е проблем само на Куманово, ниту само на печалбарите од Ирак и Авганистан. Тие укажуваат кој сè може да биде засегнат. Според нив, овој проблем може да ги засегне сите кои во изминативе 5 години работеле на брод, ако сте фриленсер, возите камион, или сте примиле пари од странство по било која основа.

- Секој Македонец со девизен прилив е потенцијално засегнат. Што прави УЈП?

Ќе се проверуваат сите девизни приливи од 2020 година наваму на сите Македонци, примени во Македонија и сите околни држави како: 

- Србија

- Бугарија

- Косово

- Дубаи

- Грција

Според информациите, Македонија веќе испратила барање до соседните држави за увид во сметки на македонски граѓани (како резиденти и нерезиденти).

Сите земји одговориле позитивно, освен Грција - се посочува во нивната објава. 

Според нив, најголемиот проблем е промена на толкувањето на веќе постоечкиот законот. Укажуваат оти законот по кој постапува УЈП важи од 1 јануари 2018 година според нив, во него стои „Ако едно лице е надвор од Македонија повеќе од 184 дена, тоа не е даночен обврзник и не треба да плаќа персонален данок во Македонија.

- До пред неколку дена, законот се применуваше токму така.  Сега, УЈП почнува да го толкува поинаку. Новото толкување е: Ако имаш македонско државјанство, без разлика каде живееш и работиш, ако си остварил приход кој подлежи на оданочување: мора некаде да платиш минимум 10% персонален данок, било Македонија или земјата каде што е остварен приходот. Товарот да докажеш дека данокот веќе е платен во странство – паѓа на тебе.

Исто како што сега од Кумановци се бара да обезбедат потврди од фирми во странство за приходи од пред 5 години, за да не плаќаат повторно данок во Македонија.

Зошто ова е проблематично? Фактот дека има промена во толкувањето се гледа јасно:

Од 2018 до 2020 година, престој над 184 дена надвор од државата беше доволен доказ за да не се плати персонален данок

Никој што работел во Ирак и Авганистан не плаќал персонален данок од 2018-та до 2020-та

Денес, пасошите не се прифаќаат како доказ дека лицето било надвор од Македонија повеќе од 6 месеци и како таков, не е даночен обврзник

Дополнително:

УЈП имала увид во сите сметки и приливи во изминатите 5 години. Фактот што сега бараат данок за цели 5 години наназад значи дека некој не си ја вршел работата навреме со години наназад.

Префрлањето вина меѓу политички партии не смее да биде оправдување, особено кога власта е сменета веќе 18 месеци, а граѓаните сега се соочуваат со огромни финансиски обврски.

Зошто ова е де факто ретроактивна мерка?

Од 2018 до 2020, вакво толкување не постоело

Никој не бил навремено известен дека ќе мора да обезбедува потврди за остварен приход од пред 5 години

Сега, одеднаш, се бара плаќање за 5 години, во рок од неколку дена

Ова директно ја загрозува финансиската стабилност на илјадници македонски семејства.

Нашите барања

Јасна и прецизна законска дефиниција на поимот „даночен обврзник“

Ослободување од персонален данок за сите девизни приливи до 31.12.2024

Навремено известување (најмалку 1 година однапред) за било какви вакви промени во толкувањето на законот

УЈП да има рок во рок од 12 месеци по истек на фискална година да го извести секој даночен обврзник доколку има приход на кој мора да плати данок - се наведува во објавата. 


 

Слично

Поврзани вести