Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗОШТО ОТСТАПИ ВЛАДАТА ОД ЗАКОНОТ ЗА УЧЕБНИЦИ - родителите се известени дека нема да има ни референдум

ЗОШТО ОТСТАПИ ВЛАДАТА ОД ЗАКОНОТ ЗА УЧЕБНИЦИ - родителите се известени дека нема да има ни референдум

Владата го повлекува Предлог-законот за учебници и наставни материјали со кој од следната година четвртоодделенците требаше да почнат да учат од дигитални учебници.

Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ добила официјално известување од претседателот на Собранието, Талат Џафери дека Владата го повлекува Законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование.

„Ве известувам дека Владата на Република Северна Македонија со допис заведен под број 08-2167/3 од 30 јуни 2021 година, ме извести дека Предлогот на закон за учебници и други наставни и дидактички материјали во основното и средното образование, примен и заведен во Собранието на 29 април 2021 година под број 08-2167/1, го повлекува“, се вели во дописот од Џафери.

Претставничката на иницијативата, Драгана Спасевска вели дека поради ова повлекување нема да се одржи ниту референдум, како што тие бараат. 

„Денес се исплати родителската сплотеност, истрајност и борбеност и вроди со плод. Денес Владата го повлече предлог законот за учебници и други наставни материјали за основно и средно образование. Со повлекувањето на овој закон не е потребно одржување на референдум. Со ова докажавме дека ние родителите без разлика на вера, нација и политичка определба, заеднички можеме да делуваме во општеството за доброто на нашите деца и нивната иднина“, вели Спасевска во кратка изјава за Сител.

Слично

Поврзани вести