Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Османи вложува лични напори за ослободување на Морина ?

Зошто Османи вложува лични напори за ослободување на Морина ?

Лични напори за да обезбеди ослободување на поранешниот припадник на ОВК , вложува вицепремиерот задолжен за европски работи, Бујар Османи.

Томор Морина е уапсен минатата година на ГП Блаце, врз основа на потерница од Интерпол од Србија.

Како што рече Османи, тој барал дозвола да го посети Морина кој е задржан пред истражниот пртвор во Скопје, а чие испорачување го бараше Србија.

Наведува дека сака да го посети поради непостојаната координација со неговиот адвокат и барање за испорака.

-Боли кога после 20 години од конфликтот, луѓе и понатаму се апсат поради нивно учество-рекол Османи и додал дека во таква ситуација, колку политичарите може да се мешаат, „правиме се Морина веднаш да се ослободи“.

Тој додава дека државата мора да постапува по процедура, бидејќи потерницата е издадена од Интерпол од Лион.

-Би го посетил Морина како пријател на Косово и претставник на владата која е пријател со таа земја, а за да испратам порака дека ова прашање мора да се реши преку системот-кажа Османи.

Слично

Поврзани вести