Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто пратениците на Комунистичката партија на Грција не го подржуваат Преспанскиот договор?

Зошто пратениците на Комунистичката партија на Грција не го подржуваат Преспанскиот договор?

Иако идеолошки спротивставени со десничарската Нова Демократија и другите опозициски групи, 15-те пратеници на Комунистичката партија на Грција исто така не го поддржуваат Преспанскиот договор и денеска нема да гласаат за негова ратификација во грчкиот парламент, иако во нивната политичка матрица една од основните вредности е интернационализмот и солидаризмот.

КПГ е 30 години во опозиција во грчкиот парламент а разбирање во нивниот став за Преспанскиот договор вчера не најде ниту грчкиот премиер Алексис Ципрас кој со говор во грчкиот парламент се обиде да ги разубеди.

- Не сакам да ја критикувам КПГ врз основа на нејзината историја. Но ќе го споменам славомакедонскиот буквар, којшто членовите на КПГ го делеа во Ташкент на децата на славомакдонските борци на ДАГ. Не сакам да ги споменам ниту 70.000 бегалци од Граѓанската војна, на кои грчката држава им ја ускрати репатријацијата во 1983 година. Ниту Славомакедонката Мирка Гинова – комунист, која беше првата жена стрелана во Граѓанската војна во Грција. Со тие грижи што ги носите на совест ве оставам сами да се соочите“, рече грчкиот премиер.

Инаку Мирка Гинова, во Грција позната како Ирина Гини, е првиот член на ЕЛАС стрелан од монархофашистите на почетокот од граѓанската војна во Грција во 1946 заедно со уште шестмина на свои 30 години. 

„Како КПГ смета дека грчката држава би можела и би требала да ја признае оваа земја? Како? Со кое име? Со кое име? Како ќе ги викаме овие луѓе Што велите? Ни велите дека терминот „Македонија“, самото нивно име е иредентизам. Или јас не го читав добро Ленин кога бев мал или вие нешто не правите како што треба“, рече Ципрас во неговиот говор“, додаде Ципрас.

Пред два дена КПГ имаше прес-конференција во која наведе дека не го поддржува Преспанскиот договор затоа што „е производ на империјалистички сили“, а не на Грција и Македонија. 

"Ова е договор направен буквално од НАТО, САД и Европската унија. Тоа е дел од еден поголем проект кој има за цел да се спречи влијанието на Русија и другите конкурентни земји на Балканот, преку таканаречениот процес на "евро-атланската интеграција" како што го нарекуваат. Тоа е да се обезбеди интеграција на земјите од Западен Балкан во НАТО и во ЕУ.“, објави КПГ.

Од таму додаваат дека со овој договор се турка хегемонистичка позиција на Грција на Балканот и во регионот, но не ги оправдуваат националистички извици, разните националистички и фашистички формации на собири и иредентистичките говори и слогани и историски паушални тврдења од страна на другите опозициски партии, особено на Нова Демократија.

„Комунистичката партија ќе гласа против Договорот за Преспа, како што е јасно од самиот почето, бидејќи тој е производ на брутална интервенција во регионот, изнудување и можност на некои функционери да ги промовираат своите опасни планови. Нашиот слоган е Не за договор Ципрас - Заев, не за американските планови, НАТО и ЕУ. ДА за пријателство и заедничката борба на народите“, беше истакнато во прогласот.

Вчера Комунистичката партија на Грција имаше тематска конвенција на Родос.


Слично

Поврзани вести