Зошто опозицијата се буни за изборот на нови членови на Советот на обвинители?
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини владината коалиција СДСМ-ДУИ за партиски пазарења при изборот на нови кадри во најзначаните правосудни институции како Советот на јавни обвинители и Уставниот суд при што направиле голема повреда на работата на Собранието со целосна партизација на институциите.

„СДСМ во тело кое што треба да биде независно, професионално и непристрасно постави членови на правен комитет на СДСМ. Во чие име и за чии интереси ќе делуваат и постапуваат Ангел Солев и Ангеле Илиевски? Дали во име и во корист на народот или во име и корист на СДСМ?
СДСМ ги претвора правосудните институции во поле за меѓу коалициони пазарења. Врвот на партизацијата на судството јасно се гледа и со најавата за поставување на премиерот Зоран Заев на чело на ново судско тело за судски реформи.
Прашањето е дали Заев го наградува Илиевски кој беше дел од одбраната во случајот „Пуч“ каде обвинетите беа е Зоран Верушевски и Заев?
Парламентарното мнозинство на СДСМ, ДУИ, користејќи го отсуството на опозицијата, докажаа дека не се залагаат за независно Собрание, туку напротив, го претворија во машинерија која ги официјализира партиските штетни политики на овие структури.
Ваквото работење не е во согласност со забелешките и заклучоците од извештајот на Прибе на кој секојдневно се повикуваат“.велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Вистина е дека за изборот на новите кадри немаше голема дебата и јавноста е ускратена од можноста подобро да се запознае со тоа кои се новите кадри и што имаат да понудат. Во однос на изборот на партиски кадри како и договорање со ДУИ за поделба на ресорите според клучот на правичната застапеност тоа не е ништо ново и тула ДПМНЕ нема ниту право да осудува или коментира бидејќи истата постапка ја правеше 10 години додека беше на власт.
