Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто нема реакција од СДСМ за кандидатите за министри од ВМРО-ДПМНЕ?

Зошто нема реакција од СДСМ за кандидатите за министри од ВМРО-ДПМНЕ?

Иако лидерот на ВМРО-ДПМНе, Христијан Мицкоски, уште во неделата ги објави имињата кои ќе бидат министри и вицепремиери од редовите на неговата предизборна коалиција, од СДСМ засега никаде нема реакција или коментар на профилите.

Пратеничката и кандидатка за лидер на СДСМ, Славјанка Петровска денеска во емисијата „КликПлус“ на ТВ21 истакна дека би се воздржала од коментирање на новиот состав на Владата. Како што вели, прво сака да ја види програмата на мандатарот Христијан Мицкоски.

„Немам проблем со учество во Владата на претставници на политички партии кои и мислат добро на РСМ, и кој се залагаат за стратешките работи на државата и така ги водат политиките. Би се воздржала во делот на коментирање на Владата додека не ги добиеме официјално министрите, иако веќе ги читаме и нивните биографии. ПОвеќе сакам да ја видам програмата со која ќе настапи“, рече Петровска.


Слично

Поврзани вести