Зошто не треба да се бањате со контактни леќи и како да се заштитите?
Корисниците на контактни леќи треба многу да внимаваат во текот на летниот период ако сакаат да пливаат и да се бањаат бидејќи може да бидат подложни на сериозната болест предизвикана од зараза со амебен кератитис. Acanthamoeba keratitis како што е стручниот назив e ретка, меѓутоа сериозна воспалителна болест на рожницата на окото која може да доведе до сериозни последици и слепило. Причинители се т.н. Акантамеби, ситни едноклеточни праживотни кои живеат во езерата, реките и морињата, иако сé почесто се и жители на базените и тушевите, дури и на водата од чешмите. Исто така, ги има и во земјата, воздухот и во уредите за греење, климатизација, прочистување и овлажнување на воздухот.

НАЧИН НА ЗАРАЗА
Иако и луѓето кои не носат контактни леќи може да се заразат со акантамеба, сепак инфекцијата најчесто се поврзува со носителите на контактни леќи. Имено, секоја леќа предизвикува благо оштетување на епителот на рожницата. Поради ова и доколку не се чисти редовно, голем број на причинители, каков што е овој мал паразит, може да продрат во окото. Во најголема опасност се лицата кои се капат или тушираат со контактните леќи, но и оние кои ја занемаруваат хигиената на контактните леќи. Посебен проблем настанува кога растворот за чистење и чување на контактните леќи ќе се замени со обична вода од чешма.
СИМПТОМИ
Во раните стадиуми на
инфекцијата, клиничката слика на амебниот кератитис не е многу различна од
обичните инфекции на очите. Симптомите, кои може да траат од неколку
недели до месеци, воглавно се разликуваат и може да вклучуваат болка, црвенило,
замаглен вид, чувство на туѓо тело во окото, преосетливост на светло и појачано
солзење. Нелечен амебен кератитис може да доведе до тешка болка во окото и до
потенцијално губење на видот, кое за жал, се случува во голем број случаи.
Имено, акантамебата не може да се открие во обичен бактериолошки брис од очите,
а поради сличноста на симптомите со другите воспаленија на окото, во почетокот,
често се дава несоодветна терапија.
ДИЈАГНОЗА
Раната дијагноза е клучна за правилно лекување на амебниот кератитис.Прв чекор е сомневање за таа болест, посебно кај лица кои носат контактни леќи и кај кои, неодамна е дијагностициран некој друг облик на кератитис (вирусен кератитис или предизвикан од херпес), а кај кои препишаната терапија немала влијание.За да се докаже акантамебата, се зема брис од окото со стругање на рожницата. Офталмолошките прегледи, како и одделот за контактологија во специјалната очна болница Деница, Ви нудат специјализирани мерења, тестирања, испитувања за соодветна контрола и проверка на Вашето очно здравје.

ПРЕВЕНЦИЈА
Мерки на претпазливост кои се препорачуваат на носителите на контактни леќи за да се смали ризикот од појава на амебен кератитис, но и на другите инфекции на окотосе следните:
o Редовни прегледи кај офталмолог на секои 6 – 12 месеци.
o Користење и замена на леќите точно според распоредот пропишан од офталмологот.
o За време на носење на леќите да се избегнува секаков контакт со вода (миење, бањање или туширање), а во случај леќите да се нужни во текот на бавење со водени спортови, задолжително се препорачуваат наочари за пливање или примена на еднодневни контактни леќи кои се фрлаат по излегување од вода.
o Пред ракување со контактните леќи, задолжително треба да се измијат рацете со сапун и вода и добро да се исушат.
o Чистењето на контактните леќи треба да се одвива според упатите на производителот и според препораката од офталмологот.
o Секогаш треба да се користи свеж раствор за чистење и дезинфекција на контактните леќи и никако вода како негова замена
o Контактните леќи треба да се чуваат во соодветни касетки, кои редовно треба да се чистат со стерилен раствор за чување и добро да се исушат на воздух. Касетките е препорачливо да се менуваат на секои три месеци.

Во состав на очната болница Деница се наоѓа и оптика каде може да ги најдете сите неопходни очни помагала, контактни леќи и средства за одржување и секако да ги добиете неопходните совети кои ќе ви помогнат во превенцијата.
ТЕРАПИЈА
Терапијата на амебниот кератитис е долготрајна и често со неизвесен исход заради отпорната природа на паразитот.Денес се советува примена на локални катјонски антисептични средства како што се poliheksametilen bigvanid или hlorheksidin, со заедничко користење на препарати за смалување на болка (најчесто орални нестероидни антиреуматици). Самата терапија се продолжува и до година дена, а првите неколку месеци неретко е потребно да се користат капките за очи на секој час. За жал и покрај лекувањето, поради закаснетото поставување на точната дијагноза, често доаѓа до губиток на видот, кога како единствен начин на лекување преостанува трансплантација на рожница.
