„ЗОШТО НЕ ИНИЦИРААТ КРИВИЧНА ПОСТАПКА ПРОТИВ БУЈАР ОСМАНИ?“ Најчевска вели дека цела државата ги трпи последиците од потпишаниот протокол на штета на Македонија
Професорката Мирјана Најчевска, ги нарече ВМРО-ДПМНЕ кукавици, тврдејќи дека се плашат да иницираат кривична постапка за екс министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за потпишувањето на протоколот.
„Ова храбриве од ДПМНЕ зошто не иницираат кривична постапка против Бујар Османи за велепредавство.
Цела држава ги трпи последиците од неговиот самоволен чин да потпише протокол на штета на Македонија.
Трта им е . Како и секогаш.
Најголемите кукавици во државата од ссекогаш биле во ДПМНЕ. Ги видов и во конфликтот во 2001 година. И кога се иницираше амнестијата за злосторниците од ОНА. И кога го избраа Џафери за министер за одбрана наместо да оди во затвор. И кога Али Ахмети хараше и ја распродаваше државата а тие му ги тинтраа*****
И кога можеа а не сакаа да ги стават уставните измени на собраниска седница.
И се уплашија од алтернативно решение дури и така млако како што предлага претседателката Гордана со третиот протокол.
И еве сега со Бујар Османи.
Кукавици кои дури и на ФБ се кријат зад лажни профили“, напиша таа.
