Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто МНР го повика бугарскиот амбасадор на разговор?

Зошто МНР го повика бугарскиот амбасадор на разговор?

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија најави дека ќе го повика бугарскиот амбасадор во земјава, Жељаско Радуков, на официјален разговор. Поводот за оваа дипломатска реакција е неодамнешната изјава на новата шефица на бугарската дипломатија, Весислава Петрова Чамова, која го употреби терминот „северномакедонски“.

Спорната изјава се случила вчера во Брисел, за време на краток разговор помеѓу Петрова Чамова и нејзиниот македонски колега. И покрај протоколите, бугарската министерка го искористила несоодветниот термин, што предизвика итна реакција од македонска страна.

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, преку социјалните мрежи упати остра критика, нагласувајќи дека ваквата терминологија е неточна и несоодветна.

Слично

Поврзани вести