Зошто многу млади сакаат да ја сменат работата во наредните 5 години?
Компаниите мора да научат како да создадат лојалност со младите, инаку ќе останат без голем број вработени, покажува истражувањето на Millennial Survey.
Дури 44% од младите сакаат за две години да ја напуштат работата, а тој процент се зголемува на 66% за временски период до 2020 година. Оваа појава е најизразена во земјите во развој. Ова го покажуваат резултатите од анкета направена есента лани на 7.700 млади родени по 1982 година од 29 земји.
Младите сакаат да ја сменат работата затоа што се чувствуваат запоставени. Други фактори се баланс меѓу приватниот живот и работата, флексибилност, вредноста на компанијата и слично.
Од 10 испитаници, 7 веруваат дека компанијата ги дели нивните лични вредности.
Три четвртини од младите сакаат да работат од дома или на друго место каде би биле продуктивни.
